ЗА МЕТЕОАЛАРМОТ

www.meteoalarm.eu   ќе обезбеди
најсигурна информација потребна за припрема при екстремна временска состојба, која се очекува да се појави некаде над Европа:

  • Тоа ќе Ве предупреди за можна појава на невреме, како што е силен дожд со опасност за поплави, опасни олуи со грмежи, олујни ветрови, топлотни бранови, отворени шумски пожари, магла, снег или екстремен студ со меќава, лавини или опасни крајбрежни плими.
  • Со еден поглед ќе може да се види каде во Европа времето може да стане опасно. Боите кои се употребени на картата на интернет веб-страницата ја означуваат жестината на опасноста и можните последици. На картата на Европа, секоја земја учесничка е обоена соодветно со највисок степен на боја која соодветствува со актуелното предупредување. Кликнувањето на државата ќе  Ве однесе во националните и регионални предупредувања.
  • За највисоките бои на предупредување (портокалова и зелена) ќе бидат додадени симболи кон регионалната информација. Ова ќе Ви покаже кој типови на време се очекуваат кои би можеле да предизвикаат пореметување и потенцијална опасност. Со кликнување врз регионот внатре во државата, ќе најдете подетална информација за овие повисоки нивоа на опасност. Ова ќе го вклучи и очекуваниот временски период за секое очекувано случување, а исто така додатни видувања како што е нивниот интензитет (на пр. количини на врнежи од снег кои се очекуваат). Позадинските слики на ова регионално ниво ќе бидат истоветни со случувањата и потенцијалните ризици поврзани со нив.
  • www.meteoalarm.eu   нуди можност за избор на опасната временска информација за денес или утре. Ако сакате да добиете повеќе детали за текстот на националното предупредување, може да се поврзете со соодветната Национална Метеоролошка служба  со кликање на нејзиното лого.
  • www.meteoalarm.eu   е интернет веб-страница која ги обединува сите опасни временски информации кои потекнуваат од званичните Национални Метеоролошки служби од најголем број Европски земји. Овие информации доследно се претставуваат за да се осигура ускладена интерпретација на  што пошироко подрачје на Европа.
  • www.meteoalarm.eu   е развиен за ЕУМЕТНЕТ, мрежа на Европски метеоролошки служби. Оваа иницијатива е силно поддржана од Светската Метеоролошка Организација.

Земји учеснички:

Австрија, Белгија, Швајцарија, Кипар, Чешка Република, Германија, Данска, Естонија, Шпанија, Финска, Франција, Грција, Хрватска, Унгарија, Ирска, Исланд, Италија, Луксембург, Латвија, Македонија, Малта, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Србија, Шведска, Словенија, Словачка, Обединето Кралство Британија.


Смени јазик:  | BG | BS | CZ | DA | DE | EE | EN | ES | ES | ES | FI | FR | GR | HE | HR | HU | IS | IT | LT | LV | ME | MK | MT | NL | NO | PL | PT | RO | RS | SE | SK | SL | VA