ОДРЕДБИ И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

ВОВЕДЕН ДЕЛ


ЕУМЕТНЕТ е организација која ги обединува Европските Национални Метеоролошки Служби.

ЕУМЕТНЕТ обезбедува рамка во која ги организира програмите за соработка меѓу земјите -членки во различни области на основните метеоролошки активности како што се набљудувачките системи, процесирање на податоците, основните прогностички продукти, истражување и развој, обуки. Преку ЕУМЕТНЕТ Програмите, земјите членки ќе се стремат да ги развијат нивните колективни капацитети кои ќе послужат при управувањето со животната средина и следењето на климата при што ќе им овозможат на Европските корисници најдобар можен квалитет на метеоролошки информации. Тие ќе го користат ЕУМЕТНЕТ за да го направат поефикасно управувањето на нивните колективни ресурси.

Одредби и услови при употреба на Интернет страницата Метеоаларм (ЕУМЕТНЕТ иницијатива)

Општи напомени:

Метеоаларм интернет страницата  на  широката јавност и обезбедува графички информативен систем за можните метеоролошки опасности и приправности на порачјето на Европа. Таа претставува заедничка иницијатива на земјите членки на ЕУМЕТНЕТ (види: http://www.eumetnet.eu.org/ ), Организациите на Европските Национални Метеоролошки Служби (НМС), со која управува  ZAMG (Zentralanstalt f&#-2244;r Meteorologie und Geodynamik (Националната Метеоролошка Служба на Австрија) во корист на НМС-и кои допринесуваат и кои се нарекуваат Метеоаларм партнери. Метеоаларм податоците и информациите се даваат само за тревога, предупредување и информирање, а не се комерцијално наменети. ZAMG и останатите EUMETNET Национални метеоролошки служби, како и останатите извори на податоци и информации нема да бидат одговорни за грешките или задоцнувања на содржините на Метеоаларм интернет страницата, или за било акви постапки кои би се превземале врз основа на нив.

Користење на оваа интернет веб-страница

Се смета дека можноста за пристап и употреба на содржината на Метеоаларм интернет страницата претставува Ваше прифаќање на овие одредби и услови, кои стапуваат на сила одма уште при првата употреба на интернет страницата.

Метеоаларм партнерите го задржуваат правото за измена на овие Одредби и Услови во секое време огласувајќи ги измените онлајн (online) (на самата интернет страница). Корисниците се одговорни, при редовен преглед на online информациите, да го примат навремено и известувањето за тие измени. Продолжувањето со користење на оваа страница после тоа известување ќе се смета дека се прифатени таквите измени.

Метеоаларм партнерите сторија се што можат за да ги достават сите точни информации и податоци преку Метеоалрм интернет страницата, при објавувањето. Информациите и податоците на Метеоаларм интернет веб-страницата се подложни на постојано обновување и измени.

Метеоаларм партнерите во ниеден случај нема да бидат одговорни пред корисниците, ниту кон некоја трета страна за било која директна, индиректна , случајна, важна (која произлегува), посебна или примерена штета или губиток на добивка која би била последица на која било каква употреба или погрешна употреба на овие податоци.

Интелектуална сопственост

Лого ознаките кои се наоѓаат на оваа страница се регистрирани заштитни знаци.

Материјалот објавен на оваа интернет страница е заедничка сопственост на Метеоаларм партнерите и заштитен е со авторски права.

Сопственоста и интелектуалните права над сите оперативни и обновени најави и предупредувања кои се доставени до Метеоаларм системот, им остануваат на Метеоаларм партнерите кои оригинално ги доставиле тие информации.

Информациите на оваа интернет страница може слободно да се користат од јавноста.

Пред да ги користите информациите од овој сервер, треба да обрнете внимание на датумот и времето кога се објавени податоците и производите.

Во случај информацијата повторно да се користи од страна на трети лица:

Во никој случај не смее да се менува содржината на информацијата која се користи.

  • Кога се користи содржината која опфаќа повеќе од една земја, изворот на информацијата секогаш ќе се прикажува како ЕУМЕТНЕТ – Метеоаларм.
  • Кога содржината се однесува на една земја, името на изготвувачот на содржината (Националната Метеоролошка Служба или Национален Институт) секогаш ќе биде прикажано.
  • Дополнително, при секое користење на апликациите преку интернет ќе биде наведен и линк кон следната URL: www.meteoalarm.eu
  • Дополнително, времето на објавување на користената содржина, како што е наведено во www.meteoalarm.eu   во времето кога содржината е издвоена мора да се вклучи при секое понатамошно користење.
  • Секое оперативно користење на содржината мора да биде овозможено во реално време со закаснување помеѓу објавувањето на Метеоаларм страницата и на корисничката страницаво просек помалку од 5 минути но не подолго од 10 минути.
  • Дополнително, сите корисници треба да го објават следното одрекување:

„Времето на задоцнување помеѓу оваа веб-страница и страницата  www.meteoalarm.eu е можно, и за повеќето најнови информации  за нивоата на предупредување како што ги даваат соработниците од Националните Метеоролошки служби, Ве молиме да го користите www.meteoalarm.eu .”

Третите страни кои произведуваат работи со авторски права, а кои се состојат воглавно од матријали од оваа интернет страница, мора да наведат известување во самиот матријал со кој го посочуваат изворот на метеријалот кој е внесен и да потврдат дека таквиот материјал не е подложен на заштита на авторски права. Понатамошни информации може дас е добијат на следната адреса: meteoalarm@zamg.ac.at

Врски

Метеоаларм интернет страницата содржи врски кон интернет страниците („или страници на трети страни“) со кои управуваат други НМС (Национални метеоролошки служби). Овие врски се дадени исклучиво заради удобност на корисникот и не содржат одобрување на содржината од трета страна на тие страници на Метеоаларм партнерите. Метеоаларм партнерите не се одговорни за содржината на прикачените страници на трети страни и не ја застапуваат содржината и точноста на материјалот на страниците на тие трети страни.

Какви информации ќе бидат прикажани?

Системот на најава ќе се состои од географски карти и стандарден комплет на предострожни состојби, избрани врз основа на вообичаена и ускладена употреба меѓу земјите-учеснички, сите статусни бои (нивоа на приправност) во рамките на земјите и нивните региони. Се применува кодирање со обојување за прикажување на интензитетот на прогнозираната појава, каде што боите претставуваат:

Бела:
Недостасуваат податоци, недоволни, сомнителни податоци или податоци со изминат рок

Зелена:
Не е потребна посебна приправност за времето

Жолта:
Времето може да биде опасно (потенцијално). Временските феномени кои се прогнозирани не се невообичаени, но потребна е внимателност ако има потреба да се спроведуваат активности кои се изложени на метеоролошки ризик. Треба да се продолжи со информирање за очекуваните метеоролошки услови и се советува да не се превзема непотребен ризик.

Портокалова:
Времето е опасно. Прогнозирани се временски феномени за лошо време. Голема е веројатноста дека ќе се случат штети и човечки жртви. Бидете многу внимателни и будни и бидете редовно  информирани за деталите на очекуваните метеоролошки услови. Треба да бидете свесни за ризикот кој би можел да се избегне. Почитувајте ги советите кои ги даваат Властите.

Црвена:
Времето е многу опасно. Прогнозирани се особено интензивни метеоролошки феномени. Можни се големи штети и несреќи, во многу случаи со опасност по живот и повреди на поголемо подрачје. Треба  често да се информирате за деталите на очекуваните метеоролошки услови и ризици. Се препорачува извршување наредби и совети од властите, а во секој случај треба да бидете спремни за вонредни мерки.

  • Кон географските карт ќе бидат додадени симболи кои означуваат кои временски феномени настапуваат;
  • На ниво на региони на земјата, се прикажуваат дополнителни информации за интензитетот и времето на појавување на појавата
  • Како додаток на овој географски приказ, во позадината на графиконот ќе биде дадена фотографија поврзана за секоја состојба и критична приправност. Тие фотографии имаат намена да ја одредат потенцијалната опасност која е поврзана со посебни состојби на приправност, и да ја направат широката јавност свесна или предострожна на тоа.
  • Ако е поминат рокот на  информацијата за приправност на земјата учесничка во делот на системот за база на податоци, или ако е информацијата сомнителна или недостасува, таа земја и нејзините региони ќе бидат обоени во бело.
  • Земјите кои не учествуваат во системот на Метеоаларм ќе бидат обоени во сиво на картата на Европа.

Англиската верзија на текстот за Одредбите и Условите за користење на интернет страницата е составен дел на овој превод


Смени јазик:  | BG | BS | CZ | DA | DE | EE | EN | ES | ES | ES | FI | FR | GR | HE | HR | HU | IS | IT | LT | LV | ME | MK | MT | NL | NO | PL | PT | RO | RS | SE | SK | SL | VA